Шолја какао за подобра меморија

41

Чоколадата може да помогне во борбата против деменција, така што го зголемува протокот на крвта во делот на мозокот задолжен за паметењето, покажало најновото истражување на онлајн списанието „Нејчр неуросајанс“

Истражувањето покажало дека клучната состојка во чоколадата – какаото- може да го забави старечкото губење на паметењето. Научниците веруваат дека антиоксидансите од какаото – флавоноидите – можат да им помогнат на луѓето во 60-ите години, да имаат меморија како личности во 30-ите или 40-ите години. Студијата што ја направил медицинскиот центар на Универзитетот Колумбија во Њујорк докажува дека губењето на паметењето, заеднички проблем кој ги мачи речиси сите постари лица, може да се реши со помали промени во исхраната.

Експериментот вклучувал 37 волонтери на возраст помеѓу 57 и 69 години, поделени во две групи. Едната група внесувала дневно пијалок со поголема доза флавонол (900), а на другата и биле понудени само 10 грама дневно.

По три месеци, групата која пиела повеќе какао покажала знаци на побрзо и појасно препознавање на визуелните задачи. Скенирањето на мозокот по студијата покажало повеќе крв во делот познат по генерирањето на свежи мозочни клетки.

Меѓутоа, експертите велат дека ова не значи дека луѓето треба да јадат повеќе чоколада, бидејќи производот што се користел во експериментот бил произведен од какао, така што она што се препорачува е шолја топло какао.