Шок при пристигнувањето во Венеција: Порад веста за смртта на нејзината мајка, Никол Кидман не можеше да ја прими наградата за најдобра улога

604
Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Никол Кидман синоќа не можеше да ја прими наградата за најдобра актерка на филмскиот фестивал во Венеција.

Причината е срцепарателна.

Таа дознала дека нејзината мајка починала.

Кидман (57) ја доби наградата за улогата во филмот „Бејбигрл“ („Babygirl“).

Режисерот на филмот ја прочита пораката на Кидман при прифаќањето на престижната награда во нејзино име.

„Стигнав во Венеција само за да дознаам дека мојата прекрасна, храбра мајка штотуку починала. Во шок сум и морам да се вратам кај моето семејство, но оваа награда е за неа, таа ме обликуваше, ме водеше и ме направи. Судирот на животот и уметноста е срцепарателен, а моето срце е скршено. Ве сакам сите“, изјави Кидман.