Шокиран и среќен: Спајк Ли е првиот црномурест претседател на жирито во Кан

64

„Шокиран, среќен и истовремено горд…“, вака ги опиша своите чувства црномурестиот режисер Спајк Ли (62) кога доби покана од филмскиот фестивал во Кан годинава да претседава со жирито. Како што пишуваат француските медиуми

Ли има силна врска со фестивалот, бидејќи тој во текот на изминатите години во Кан имаше премиера на седум свои филмови.

Изборот на Спајк Ли доаѓа еден ден по бранот критики за номинацијата за Оскарите поради „игнорирањето на работата“ на режисерите и актерите од малцинските групи во САД.

Се очекува на годинешното издание на фестивалот во Кан Спајк Ли да биде награден со „Златна палма“ за целото свое творештво.