ШЛАКАНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Уште една НАТО земја не сака да испрати воени авиони во Украина

154

Полска најави дека нема преговори за испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина, а сега и друга земја го изрази својот скептицизам со официјално соопштение дека не верува дека тоа би било практично.

Имено, Велика Британија смета дека нејзините борбени авиони се тешки за управување и од таа причина смета дека не е практично да се испратат во Украина.

„Британските борбени авиони се многу софистицирани и потребни се месеци за да се научи да се управува со нив. Со оглед на тоа, веруваме дека не е практично да се испратат овие авиони во Украина. Ќе продолжиме да разговараме со нашите сојузници за пристапот што мислиме дека е правилен“, изјави портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак, пишува Index.hr.

Берлин исто така категорично одби да испрати борбени авиони, додека францускиот претседател Емануел Макрон рече дека „ништо не е исклучено“, уверувајќи дека Украинците не го побарале од него такво нешто.

Инаку, Макрон разговараше со холандскиот премиер Марк Руте, кој рече дека нема „табу“ по тоа прашање, но дека тоа би бил „голем чекор“.