Шкринар партнер на Мегваер

36

Поголемиот дел од италијанските медиуми ја пласираа и информацијата дека најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, има испратено официјална понуда за словачкиот интернационалец од редовите на калчо гигантот Интер, Милан Шкринар. Според истите медиуми, пред неколку дена „црвените ѓаволи“ испратиле официјална понуда за централниот дефанзивец вредна 58 мил. фунти. Иако станува збор за официјална понуда се уште нема одговор од челниците на Интер.