Шишкарев и Дибиров го заверија билетот

17
2016.01.18 Gdansk Pilka reczna EHF Euro 2016 Mistrzostwa Europy w pilce recznej mezczyzn Rosja - Wegry N/Z Timur Dibirov FOTO Piotr Matusewicz / Pressfocus 2016.01.18 Gdansk Handball EHF Euro Poland 2016 Russia vs Hungary Timur Dibirov FOTO Piotr Matusewicz / Pressfocus

Ракометарите на Русија се пласираа на Светското првенство во 2019, откако во реванш натпреаварот ја совладаа Чешка со 29:21, оставајќи ја оваа селекција без уште еден настап на светските шампионати. Чесите имаа минимална предност од еден гол по првиот меч во Плзен, но руските ракометари веднаш ставија до знаење кој е кој, доминираа на теренот и заслужено стигнаа до мундијалска виза. Најефикасен во победничкиот тим беше Житников со осум погодоци, додека ракометарите на Вардар, Данил Шишкарев и Тимур Дибиров постигнаа по четири, односно три погодоци.

Исто така и селекцијата на Норвешка го завери билетот на СП. Норвежаните и покрај поразот на гостувањето против Швајцарија (33:30) поради поубедливата победа на домашен терен ќе патуваат на Мундијалот наредната година.