Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска учествуваше во работата на Дебатниот клуб при Сојузот на борци од НОАВМ, што се одржа во просториите на Градскиот одбор на Сојуз на борци од НОАВМ и граѓаните продолжувачи.
На дебатата присутните дискутираа за актуелната политичка ситуација во земјата, актуелните проблеми во Град Скопје, како и за односите помеѓу Градот Скопје и Градски одбор на Сојузот на борците на НОАВМ.
На средбата е потврдена добрата соработка помеѓу Град Скопје и Градски одбор на Сојузот на борците на НОАВМ, која е продлабочена и подобрена во изминатиов период.