Шефицата на австриската СПО цел на напади поради летување во Сан Тропе

55

Фотографијата на шефицата на Социјалдемократската партија на Австрија (СПО) Памела Ренди Вагнер од еден престижен и луксузен клуб во монденското летувалиште во Франција Сен Тропе предизвика бура во јавноста.

Еден австриски турист ја фотографирал Вагнер во локал, каде најчесто одат филмски и музички ѕвезди, и каде лежалка покрај море чини 100 евра дневно.

Тоа што лидерката на СПО престојувала во толку скап објект предизвика бура негодување на социјалните мрежи, каде корисниците коментираат дека тоа не личи на социјалисти или дека „социјалистите вообичаено другите ги напаѓаат за така луксузни одмори”.