Шест новозаразени со Ковид -19 во Дебар, Оперативниот штаб состојбата ја оценува загрижувачка

14

Расте бројот заразени од Ковид – 19 во Дебар, состојба која општинскиот Оперативен штаб ја оценува како загрижувачка.

Во изминатото деноноќие регистрирани се шест новозаразени лица, со што вкупната бројка сега изнесува 116 лица, од нив три од Центар Жупа. Од нив 48 се излекувани, четворица починаа, додека активни се 64 случаи.

Поголемиот број од заболените се од втората фаза на пандемијата или 65, од нив повеќето припаѓаат на помладата популација.

Апелираме до граѓаните и деловните субјекти да ги почитуваат препораките за заштита од опасниот коронавирус. Бројките на заболени кои зборуваат за пандемиската состојба се многу загрижувачки. Не заборавајте и бидете внимателни,носете маски, одржувајте физичка дистанца и вршете дезинфенција на рацете, заради ваша и заштита вашите најблиски и државата, стои во апелот на штабот.

Оттаму посочуваат дека пандемијата е широко распространета во државава и во Општина Дебар „каде што секој ден се појавуваат лица со сомнителни симптоми на Ковид-19“.

До сега, во втората фаза од пандемијата, од Општина Дебар немаме жртви, но имаме пациенти кои се во сериозна здравствена состојба и се лекуваат на скопските клиники. Исто така, имаме и пациенти кои амбулантски се лекуваат во Општата болница во Дебар. Лесните случаи се третираат во домашни услови, наведува дебарскиот Оперативен штаб.

Апел на строго почитување на мерките за заштита упати и Крзниот штаб на Општина Центар Жупа.

Извор:МИА