Од 15 до 19 октомври во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, ќе се одржува турнир на шесте најдобри тенисери, а наградниот фонд ќе биде најголем во историјата на тенисот. Планот на организаторот е да учествуваат Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Карлос Алкарас, Јаник Синер, Данил Медведев и Холгер Руне.

Србинот по Отвореното првенство на САД објави дека ќе игра само на турнирот во Шангај, а нема да настапи во Пекинг и во Белград, но се чини дека големите награди во Ријад го убедија да игра во Саудиска Арабија. Секој тенисер ќе добие по 1,5 милиони евра само за учество, а победникот ќе добие шест милиони евра. Колку за споредба, победникот на Отвореното првенство на САД ќе добие 3,6 милиони евра.

Наградниот фонд на турнирот на големата шестка е убедливо најголемиот во историјата на тенисот.