Шер на работ на егзистенција

225

Лошите инвестиции, неконтролираното трошење, скапи третмани и лечење ја довеле до сиромаштија

Славната пејачка, која заработи милиони, направи голема пауза во кариерата, а сега е на работ на егзистенција, пренесуваат странските медиуми. Имено      ѝ беше дијагностициран сериозна болест во доцните осумдесетти што може да предизвика откажување на органите, како и неколку видови на карцином.

„Постојано бев болна, за малку ќе ме убиеше пневмонија. Лекарите прво ми рекоа дека сум луда и дека претерувам, но сепак откриле дека сум сериозно болна“, изјави пејачката за странските медиуми.

Поради својата здравствена состојба, Шер мораше да направи пауза од кариерата, бидејќи повеќе не можеше да ги издржи  настапите и  турнеите. За да има од што да живее, пејачката започнала да снима реклами. Сепак, рекламите не носат пари колку што носи нејзината професија. Покрај тоа што потроши многу пари на неуспешни третмани, лечење, пејачката го изгуби и богатството поради неконтролирано трошење, како и лоши инвестиции