Шенгјанг е национален познат историски и културен град, „родното место на една династија и престолнината на две генерации на цареви“, со популација од над 7 милиони луѓе. Тој е најважната база на тешка индустрија во Кина. Голема придобивка за градот и населението е што Шенгјанг е оддалечен 685 километри од главниот град на земјата, Пекинг, што во денешно време овозможува брза и блиска конекција, како со авион, така и со воз со кој се стигнува за помалку од четири часа.

Во време кога светот застана, весникот ВЕЧЕР ве носи на едно посебно патување. Заедно го запознаваме главниот град на кинеската провинција Лиаонинг, Шенгјанг, кој е економски, културен, транспортен, деловен и трговски центар на југот на североисточна Кина. Шенгјанг е национален познат историски и културен град, „родното место на една династија и престолнината на две генерации на цареви“, со популација од над 7 милиони луѓе. Тој е најважната база на тешка индустрија во Кина. Голема придобивка за градот и населението е што Шенгјанг е оддалечен 685 километри од главниот град на земјата, Пекинг, што во денешно време овозможува брза и блиска конекција, како со авион, така и со воз со кој се стигнува за помалку од четири часа. Патувањето со автомобил би траело нешто повеќе од седум часа. Од виртуелната тура за новинари од целиот свет, во организација на Кина медиумската група – ЦРИ онлајн, веднаш се добива впечаток дека Шенгјанг е полн со младешки дух и енергија и се менува со секој изминат ден. Индустрискиот рапиден развој на градот, и особено нематеријалното културно наследство, магично внесуваат во една традиција на која никој не останува рамнодушен. Иако градот е сведок на многу подеми и падови откако е формиран, пред околу 2300 години, веќе се берат плодовите од амбициозната програма за обновување на растот. Со цел за промоција на економијата, културата, образованието и воспоставување на други врски, Шенгјанг досега е збратимен град со дури 23 градови насекаде во светот, меѓу кои и со Чикаго, Дизелдорф, Белфаст и Солун. На иницијатива на весникот ВЕЧЕР за збратимување со некој од градовите во Македонија, властите во Шенгјанг велат дека ќе ја разгледаат идејата и потенцираат дека во секој случај во иднина соработката ќе се подигне на едно повисоко ниво.

 

Шарениот свет на порцеланот Лиао

Кина е дом на порцеланот. На англиски јазик, зборот „кина“ ги означува двете, и порцелан и нацијата. Порцеланот во Кина има долга историја и многу варијанти. Еден од нив е познат како порцелан Лиао кој има репутација на „егзотичен цвет кој расте на семејното стебло од кинескиот порцелан“.

Порцеланскиот Лиао потекнува од пред 1200 години кога племе номади живеело во северна Кина. Тие сакале да јаваат коњи и да бидат близу до трева и вода. Порцеланот Лиао е создаден од овие номадски луѓе кои воспоставиле династија позната како династија Лиао. Светот на порцеланот Лиао е доста шарен. За разлика од кондензираниот, не украсен и елегантен порцелан направен во Централните рамнини, порцеланот Лиао е истакнат по тоа што ја покажува слободната волја и смелост на номадските луѓе. Дизајнот на Лиао порцеланот е често егзотичен. Повеќето дела се во рамна форма.

Трибојната застаклена керамика од Лиао династијата, раскошен вид на порцелан Лиао, е популарна дома и во странство, заради својата шарена и светла глазура, која е главно во жолта, зелена и бела боја, соодветно претставувајќи ја земјата, пасиштата и облакот.

Изработката на порцелан Лиао е комплициран процес кој има 72 чекори, вклучувајќи отсекување, создавање форма, застаклување, закривување, навлажнување и палење глазура. Бидејќи луѓето на северот биле добри со ракување со ножеви, тие често користеле ножеви наместо четки за да направат декоративни шари на нивните порцелански дела, и така занаетчиите создавале деликатни дела. Комплицирани техники на палење глазура биле користени за подобрување на густината и сјајот.

Конвенционалната изработка на порцелан Лиао се изгубила во историјата повеќе од 200 години, сè додека Гуан Баозонг, мајстор занаетчија на порцелан Лиао и голем мајстор на применета уметност во Кина, не ги претставил своите уметнички дела пред светот.

Во денешно време, производството на порцелан Лиао стана индустрија. Постои здружение кое е посветено на враќање на изгубените техники, продолжување и развивање на културата на порцеланот Лиао со иновации и креативност, со што се промовира традиционалната кинеска култура.

Во последните години, Шенгјанг посветува големо внимание на заштитата и користењето на нематеријалното културно наследство, кое постепено го зголеми своето општествено влијание и игра позитивна и незаменлива улога. Таква е и изложбата на нематеријално културно наследство за време на празниците на Пролетниот фестивал. Таков е и саемот за нематеријално културно наследство каде занаетчиите го демонстрираат процесот на правење на нивните уметнички дела на самото место, вклучувајќи извонредни везови на Манчу, фигурини од шеќер и гравура од тиква.

Везовите „Мукден“ датираат од пред 4 века и пленат со раскош

Некои луѓе од Шенгјанг се волшебници. Тие користат камења, дрво и метал за да направат скулптури, а бамбус, глина и хартија за да направат играчки. Тие дури можат да користат прехранбени материјали како брашно и сируп за да направат уметнички дела. Некои извезени уметнички дела изработени во Шенгјанг биле продадени и за 4.000 евра по парче во продавници за малопродажба во Париз.

Провинцијата Лиаонинг е мултинационална област. Пред околу 400 години, луѓето кои живееле тука ја основале династијата Кинг, последната феудална династија во историјата на Кина. Тие исто така го смениле името на својата националност во Манчу. Познати се по тоа што развиле везови со карактеристична одлика. Во еден период, дамите везилки „Мукден“ биле зафатени со правење на наметки со змеј за царот, облеки од феникс за кралицата и конкубините, облека за службениците, како и јоргани и чаршави за перници за обичните луѓе. Везењето „Мукден“ повеќе не е ограничено на облека и уметнички дела. Се употребува за над 100 прекрасни и практични производи од секојдневниот живот, како што се украси за автомобили, деловни подароци, како и предмети од културата и креативноста.

Зачувувањето и унапредувањето на везот „Мукден“ е исто така поврзано со јавни социјални активности. Во провинцијата Лаоининг, воспоставени се работилници за намалување на сиромаштијата во 106 села за бесплатно обучување на локалното население во вештините за везење „Мукден“.

Со користење на игли и конци наместо четки и мастило за цртање уметнички дела во елементи на кинеската култура, везењето „Мукден“ станува популарно во земјата и странство. Се претставува на меѓународната сцена со сосема нов имиџ.

Некои луѓе од Шенгјанг се волшебници. Тие користат камења, дрво и метал за да направат скулптури, а бамбус, глина и хартија за да направат играчки. Тие дури можат да користат прехранбени материјали како брашно и сируп за да направат уметнички дела. Некои извезени уметнички дела изработени во Шенгјанг биле продадени и за 4.000 евра по парче во продавници за малопродажба во Париз.

Над 200 различни културни наследства 

Сите овие нематеријални културни наследства се симболи на историјата и културата кои ги отелотворуваат културните гени и духовните верувања пренесени во крвта на луѓето од Шенгјанг.

Шенгјанг поседува 221 општински нематеријални културни наследства кои се сортирани во десет категории, вклучувајќи фолклори, музика, танци, опери, народни изведувачки уметности, спортови, игри и акробатика, ликовни уметности, занаетчиски работи, лекови и народни обичаи. Во денешно време нематеријалните културни наследства што го носат споменот на Шенгјанг веќе се интегрирани во секојдневниот живот на луѓето.

Со зачувување и иновации, нематеријалните културни наследства на Шенјанг сега му покажуваат на светот нови знаци на виталност и доверба на луѓето во нивната култура. Бидејќи занаетчиството се пренесува на странците, а традиционалната култура се предава на Институтите „Конфучие“, наследствата на нематеријалната култура на Шенгјанг се однесени во сè поголем број земји. Повеќе луѓе се запознаваат со традиционалната култура на Кина и се вљубуваат во нематеријалните културни наследства на Шенгјанг.

Индустриска база на Кина

Модерната индустрија на Шенгјанг може да се пофали со историја подолга од сто години. Во 1905 година, фабриката за одржување на железници, првото индустриско претпријатие на Шенгјанг, беше основана во областа Тикси. По основањето на Народна Република Кина, Шенгјанг постепено се разви во значајна индустриска база на Кина. Во 80-тите и 90-тите години на минатиот век, сепак, индустрискиот развој на областа Тикси водеше борба, поради економската трансформација и надградба. За да се реши овој светски проблем, владата на областа Тикси, користејќи ја предноста што цените на земјиштето во центарот на Шенгјанг беа многу повисоки од оние на предградијата, им помогна на повеќе од 300 компании да се преселат и да се обноват на периферијата. На овој начин, компаниите беа финансирани додека стотици илјади индустриски работници беа повторно вработени.

Шенгјанг се вбројува во главни индустриски градови во Кина. Покрај металургија и метална индустрија, особено е развиен механички инженеринг. Познат е ширум светот по производство на алати и рударски машини, постројки за металургија и петрохемиска индустрија, автомобилска, електрична, воздушна, фармацевтска, електронска и текстилна индустрија и производство на градежен материјал.

Градот неодамна воспостави биомедицинска индустриска зона, која е специјализирана за развој на хемиски производи, биомедицина, модерна кинеска традиционална медицина и медицински помагала. Денес Шенгјанг е еден од најголемите индустриски центри во Кина благодарение на богатите наоѓалишта на јаглен, железна руда и обоена руда низ провинцијата Лиаонинг.

Кина порано беше позната како „Кралство на велосипеди“ и многу велосипеди беа произведени овде, во фабриката за велосипеди во Шенгјанг. Во денешно време, повеќето Кинези не купуваат велосипеди, туку користат заеднички велосипеди. Споделувањето велосипеди стана прв избор на луѓето за поминување на кратко растојание.

Традиција стара со векови

Шенгјанг е родно место на една од најголемите кинески династии Кинг и билцарска престолнина. Се смета за еден од најважните историски и културни градови во Кина. Датира од пред 2300 години, и е на мапата на светското културно наследство. Најпознат е по Царската палата, позната како палата Мукден. Денес, таа е импресивен музеј.

Во овој град е и гробницата Фулинг, која е отворена за јавни посети. Ништо помалку не е импресивна и гробницата Заолинг или Северната гробница во рамките на паркот Пекинг на северот на градот. Изграден меѓу 1643 и 1651 година, тој е познат по своите украсени порти, ред статуи на животни што водат до гробницата и живописни градини. Во Шенгјанг е и археолошкиот локалитет Ксинл, семејниот храм Ксибе, седумте храмови на династиите Минг и Кинг, Дворците на маршалот Занг Ксуелианг и уште многу други.

Шенгјанг има влажна континентална клима под влијание на монсуни која се карактеризира со топли, влажни лета поради монсуните и суви, ладни зими поради сибирскиот антициклон. Четирите сезони тука се карактеристични. Скоро половина од годишните врнежи се јавуваат во јули и август. Но, дождот може само да ја зголеми магијата додека ја откривате традицијата стара со векови. (В.С.Н.)