Шекеринска: 2020 ќе биде безбедна, сојузничка, посилна година

75

Пречекот на 2020 ќе биде можност за преиспитување што сме постигнале, што можеме повеќе, што треба поинаку.  Но, сите ќе бидеме обединети во надежта дека во 2020 година можеме да бидеме подобри, да постигнеме повеќе за себе, за своите најблиски, за оние на кои им треба нашата помош, порачува министерката за одбрана Радмила Шекеринска во новогодишната порака до граѓаните.

Можам да ви ветам и можам да се обврзам, порачува министерката, дека 2020 повторно ќе биде безбедна, сојузничка и посилна година.

Таа во пораката на граѓаните им посакува многу здравје и успех во Новата 2020 година.