Ракометната репрезентација на Шведска е нов европски шампион, откако во финалето на континеталниот собир во Унгарија и Словачка, минимално го совладаа бранителот на титулата, селекцијата на Шпанија со 27:26.

Победата на скандинавската селекција и ја донесе играчот на Кил, Никлас Егерг, кој погоди од седум метри по истекувањето на регуларниот тек од натпреварот.

Ова е вкупно петта европска титула на Шведска (првпат по 2002 година), со што оваа селекција е најтрофејна во историјата на ЕП, пред Франција со три и Шпанија, Данска, Германија и Русија со по два пехари од континенталните собири.