Шведска ги продолжува анти-ковид мерките, вчера со речиси 90.000 заразени!

37

Шведска ќе ги продолжи актуелните мерки за заштита од ковид-пандемијата и во наредните две седмици, објави министерката за здравство Лена Халенгрин, додека омикрон сојот со шири со рекордна брзина.

Вчера, Шведска имаше нов дневен рекрод, регистрирајќи 89.888 позитивни случаи на коронавирусот, покажуваат податоците од здравственат агенција која го следи брзото ширење на четвртиот бран низ земјата. Претходниот рекорд од 87.446 е забележан на 20 јануари.

Шведската влада објави нови ограничувања за овој месец бидејќи новиот најзаразен омиркон сој се шири со голема брзина оптоварувајќи го здравствениот систем на земјата. Ограничувањата кои се продолжени и во наредните две седмици, значат дека баровите и рестораните ќе мора да се затворат во 23 часот, а во поголемите затворени простории дозволено е максимум 500 луѓе.

„Имаме исклучително висок степен на ширење на вирусот. Ограничувањата мора да останат на сила уште две седмици. Ако се биде како шпто е планирано и ако дозволува ситуацијата, ограничувањата после тоа ќе бидат укинати“ – потенцираше министерката Халенгрин.

Во Шведска во последните седум дена потврдени се околу 270.000 нови случаи со корона, но поради ограниченото тестирање, од здравствената агенција посочуваат дека реалната бројка моѓе да е и над еден милион заразени. Ширењето на омикрон сојот го оптоварува здравствениот систем, но многу помалку за разлика од претходните бранови. Бројот на пациенти шти се лекуваат на интензивна нега е меѓу 90 и 120 лица во изминатите четири седмици.

Шведска се одвои рано во пандемијата одлучувајќи се против мерките за изолација и наместо тоа се потпре на доброволните мерки насочени на социјална дистанца и добра хигиена. Бројот на смртни случаи како последица од коронавирусот во Шведска е многу поголем во однос на нордиските соседи, но многу понизок од повеќето европски земји кои се одлучија за изолација.