Швајцарците бесни на Федерер, не плаќа данок

28

Најдобриот тенисер н денешницата, Швајцарецот Роже Федерер во својата земја доживува низа критика и тоа само поради една работа. Јавноста во родната Швајцарија му замерува на Федерер за одлуката да се пресели во Дубаи и на тој начин да избегне плаќање на данок во сопствената татковина.

Шпанската „Марка“ тврди дека Федерер, кој од турнири заработи повеќе од 100 милиони долари во својата кариера, а на тоа дополнувајќи и со сумите од спонзорски договори, минатата година донел одлука своето постојано живеалиште да го пресели во Дубаи.

Во Обединетите Арапски Емирати не постои оданочување на приходот, па барем од таа страна сигурно одлуката на Федерер е логична. Еден од првите кој го спомна Федерер како еден од главните затајувачи на данок беше поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер…

„Константно се спомнуваат фудбалерите кога е тоа во прашање. А што е со останатите ѕвезди? Погледнете го Федерер. Тој е недопирлив кога е во прашање плаќањето данок. Се што ќе направи тој се смета добро“ изјави Блатер пред неколку години.