Швајцарија ги замрзна руските милијарди

67

Швајцарија објави дека го замрзнала рускиот имот во вредност од 7,9 милијарди долари поради руската инвазија на Украина.

Ова е најголемата вредност на руски средства замрзнати од таа земја досега.

Да потсетиме, Швајцарија е омилена дестинација на богатите Руси, кои поседуваат значителен имот таму. Досега има конфискувано 15 имоти во сопственост на Русија и Руси. На швајцарските банки им е забрането да примаат депозити од руски граѓани или од лица и субјекти со седиште во Русија чиј износ е поголем од 100.000 швајцарски франци.

Владата во Берн застана на страната на Европската унија во однос на санкциите воведени кон Русија по инвазијата на Украина во февруари.