Панталоните во шарен „тај-дај” стил долго време важат за необично, „забегано” парче облека. Стилистот и уметник Зек Сирока го носи овој тренд на едно ново ниво.
– Си направив таков пар за себе, па сите почнаа да ме прашуваат од каде ми се… Потоа почнав да правам панталони за пријателите, па и за туѓинци, вели уметникот.
Тој сакал овие шарени, тесни панталони од „забегани” да ги направи „кул”.
Според многумина, тоа и му успеало.