Шакира го одбра новиот клуб на Пике

370

Шпанскиот весник „АС“, кој важи за многу близок до тимот на Реал (М), ја пласираше и информацијата дека централниот дефанзивец на каталонскиот гигант Барселона, Жерар Пике, ќе се пресели во американската МЛС во 2021 година.

Ко-сопственикот на новиот американски клуб, Интер Мајами, Дејвид Бекам, со раширени раце го чека 33-годишниот дефанзивец кој планира својата богата фудбалска кариера да ја заврши „преку барата“.

„АС“ тврди дека Пике пред неколку дена имал состанок со раководните лица на Барса и за време на истиот ги информирал дека сака да си замине од клубот после 12 години. Поранешниот репрезентативец на Шпанија има договор до 2022 година, но тој сака и понатаму да има статус на стандарден првотимец. Порани неговите години, тоа е речиси невозможно, затоа што Барса планира сериозно подмладување на тимот веќе од ова лето.

Убедливо, најзагреана за преселба во САД е неговата понежна половина, светски познатата пеачка Шакира. Преселбата во Америка може да биде само чекор напред кога е во прашање нејзината музичка кариера, па затоа Шакира веќе лобира кај својот голем пријател Дејвид Бекам. Шпанците додаваат дека мислењето на Шакира се покажало како клучно кога е во прашање следниот фудбалски чекот на Жерар Пике.