Чудни закони што ќе ве насмеат: Во Севиља е забрането да се сушат градници на отворен простор

127
Фото: Costa SpaceTwitter

Во некои европски земји како Германија, Австрија и Данска не е илегално да се побегне од затвор. На лицето кое е осудено на затворска казна, нема да му се продолжи казната ако се обиде да избега од затвор, бидејќи законодваците сметаат дека желбата за слобода е природна и не смее да се санкционира.

Невообичаени закони и правила се составен дел од животот. Тие се своевидни сведоци на одредено време и луѓе кои управуваат со некоја област. И да, повеќето од тие закони постојат затоа што никој веројатно не се сетил да ги промени уште од моментот кога беа донесени.

Забавувајте се и проверете ги некои од најчудните европски закони и правила.

За време на Октоберфест во Минхен, никој никогаш не е легално пијан, без разлика колку алкохол консумирал.

Секое дете родено во Llanfairpwllgwyngyllgogerychwyrndrobwllantysiliogogogoch во Велс мора да биде во можност да го напише името на неговиот град до шестиот роденден и да го изговори гласно до 34-годишна возраст.

Во Франција е нелегално да се именува својата свиња со името Наполеон, иако поминаа над 200 години од смртта на тој император. Законот датира од 1881 година и беше донесен за народот на тој начин да не искаже  непочитување кон Наполеон Бонапарта.

Разводот е нелегален во Ватикан.

Во Грција во 2002 година е донесен контроверзен закон за забрана на играње електронски игри на јавно место, а се за да се намали бројот на коцкари во земјата. Законот престана да важи во 2011 година.

Во Севиља е илегално да се суши долен веш на жица на отворен простор. Може да се суши друга облека, но не гаќи и градници. Казната за ова дело е околу 3.000 евра.