Чуда се случуваат со сметките за парно!

984

БЕГ, веќе втор пат по ред, прави работи што не се вообичаени. Како и со августовските фактури, така и овој пат БЕГ на потрошувачите деновиве им испрати сметки кои се однесуваат за септември (иако месецот не е завршен) и на нив стои датум на издавање, 30 септември 2022 година. – На 28 септември, во поштенското сандаче, во зградата беше ставен пликот од БЕГ и кога го отворив, првично помислив дека згрешиле, па повторно ми ја доставиле фактурата за август која ја подмирив пред десет дена. Но, кога детално погледнав, забележав дека станува збор за фактура за септември со датум на издавање 30. 9. 2022 година, со рок на плаќање до 21. 10. 2022 година. Не знам што се случува. Дали руските газди на БЕГ прават провокација што го губат бизнисот, па прават вакви работи, се прашува потрошувачка од Аеродром.

Од БЕГ за весникот ВЕЧЕР велат дека „редовна пракса е во месеците кога не се испорачува топлинска енергија, фактурите да се издаваат кон крајот на месецот и почетокот на наредниот месец“. – Разнесувањето на фактурите одзема неколку денови, некои од корисниците ги добиваат кон крајот на месецот, а некои на почетокот на наредниот месец. Сметките што се плаќаат, ќе бидат признаени и се однесуваат на периодот кога сè уште дејноста за централно греење ја врши БЕГ, одговорија од компанијата.

Од Владата ги смируваат граѓаните – грејната сезона ќе почне навреме и ќе има затоплување. За набавка на природен гас за гасната централа ТЕ-ТО се водат преговори со Србија

Парно за главниот град ќе има. Донесена е одлука за започнување на постапката за издавање лиценца на државната компанија ЕСМ, за производство на топлинска енергија од регулиран пазар. До преземање на бизнисот со топлинска енергија од страна на ЕСМ, корисниците, во согласност со закон, треба фактурите да му ги плаќаат на БЕГ и тоа по истекот на месецот.

Но, БЕГ, веќе втор пат по ред прави работи што не се вообичаени. Како и со августовските фактури, така и овој пат БЕГ на потрошувачите деновиве им испрати сметки кои се однесуваат за септември (иако месецот не е завршен) и на нив стои датум на издавање 30 септември 2022 година.

– На 28 септември во поштенското сандаче во зградата беше ставен пликот од БЕГ и кога го отворив, првично помислив дека згрешиле па повторно ми ја доставиле фактурата за август која ја подмирив пред десет дена. Но, кога детално погледнав, забележав дека станува збор за фактура за септември со датум на издавање 30. 9. 2022 со рок на плаќање до 21. 10. 2022 година. Не знам што се случува. Дали руските газди на БЕГ прават провокација што го губат бизнисот, па прават вакви работи – се прашува потрошувачка од Аеродром.

Одговор побаравме од БЕГ од каде одговорија дека „редовна пракса е во месеците кога не се испорачува топлинска енергија, фактурите да се издаваат кон крајот на месецот и почетокот на наредниот месец“.

– Разнесувањето на фактурите одзема неколку денови, некои од корисниците ги добиваат кон крајот на месецот, а некои на почетокот на наредниот месец. Сметките што се плаќаат ќе бидат признаени и се однесуваат на периодот кога сè уште дејноста за централно греење ја врши БЕГ – одговорија од компанијата.

БЕГ исто така ги пушти сметките за август пред да заврши тековниот месец. Тогаш претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, рече дека немало потреба да се праќаат сметки на 30 и 31 август.

– Искуството со БЕГ кога ги воведувавме првите субвенции за парно во февруари, март и април, е дека бевме во заедничка комуникација. И мене не ми е јасно зошто БЕГ не нè информирале за оваа работа и од тие причини грешката што ја направиле, со сторнирањето, фактурите ќе се исправат и граѓаните ќе си добијат сметки за топлинска енергија како беше договорено – изјави тогаш Бислимоски.

Од Владата вчера изјавија дека граѓаните треба да бидат мирни, затоа што грејната сезона ќе почне навреме и ќе има затоплување. За набавка на природен гас за гасната централа ТЕ-ТО се водат преговори со Србија. Како што објасни премиерот Димитар Ковачевски, од северниот сосед ќе се купува гас и ТЕ-ТО ќе произведува струја која ќе се продава на Србија. Исто така, ќе се произведува и топлинска енергија која е за 60 проценти пониска отколку што ја даваат топланите. Ковачевски истакна дека се водат преговори меѓу ЕСМ и АДОРА за ставање на топланите во функција за загревање на градот.

– Државата ќе ги земе топланите, согласно член 6 од Законот за енергетика, и ќе го плаќа закупот на сопственикот кој следува со методологијата на Регулаторната комисија – потенцира Ковачевски.

Засега, закупот е опцијата која е на маса, додека за целосно купување на топланите од АДОРА, Ковачевски рече дека треба да бидат спроведени сите постапки согласно закон, за да може потоа да се влезе во финални преговори, потпишување договор и преземање на сопственоста и комплетното управување со топланите кои се дел од системот на затоплување на градот Скопје.

Ако не успеат преговорите со Србија, а со оглед на јасниот став на Владата да не се набавува гасот преку „Макпетрол“, за работа на топланите останува единствената опција – да работат на мазут, што е штетен енергенс и го загадува воздухот. Од друга страна, мазутот е многу тешко да се најде за купување, бидејќи го нема. Во многу европски земји се воведени големи давачки за капацитетите што произведуваат мазут и затоа рафинериите не го произведуваат и потрошувачката е намалена. Од друга страна пак, мазутот бара специјална логистика што му ја покачува цената. Оттука и прашањето, дали мазутот ќе мора да се употреби и колку тоа ќе чини –  и по џебот на државата и по здравјето на скопјани.   

Како и да е, од Владата се сигурни дека парно за скопјани ќе има. Дадени се насоки Град Скопје и Регулаторната комисија за енергетика забрзано да работат на тоа ЕСМ да добие лиценца за производство на топлинска енергија.

(С.Бл.)