Хрватскиот тенисер, Борна Чориќ објави дека е негативен на последниот тест за коронавирус. Тој беше еден од заразените учесници на „Адрија тур“.

  • Среќен сум што сум повторно на теренот, убаво е чувството повторно да бидам надвор, рече Чориќ.

Хрватот се тестираше позитивно во Задар, по откажувањето на турнирот.

Чориќ претходно играше против Григор Димитров, кој беше првиот што објави дека е заразен со вирусот.

Тој истакна дека немал никакви симптоми за време на изолацијата и дека се чувствува добро.