Чинарите во Охрид ќе се прогласат за споменици на природата

19

Предлог-одлуката за предлагање за прогласување на чинарите во поширокото градско подрачје во општина Охрид и кочеџикот во дворот на црквата “Св.Богородица Перивлепта” во категорија-споменик на природата, ќе се најде пред советниците на шестата седница на советот на општина Охрид закажана во понеделник, 29 јануари со почеток во 11 часот.

Советниците ќе расправаат и за предлог одлуките за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги, формирање Штаб за заштита и спасување, за одобрување финансиски средства за материјално-финансиска поддршка на спортски клубови на подрачјето на општина Охрид за 2018 година.