Чешка, Словачка и Македонија со нов одговор за Бугарија откако Софија одлучи 24 мај да го слави како Ден на бугарската, а не сесловенсклата писменост, што претставува провокација не само кон земјава, туку и кон останатиот славистички свет. Манифестацијата  „По трагите на светите Кирил и Методиј“ оваа година е вклучена во Европската програма за регионален развој и ќе се реализира со учество на Чешка и Македонија, покрај традиционалниот домаќин – Словачка. На денешната средба во Владата на премиерот Зоран Заев со словачкиот амбасадор во земјава, Хенрик Маркуш, македонскиот премиер предложил оваа година настаните во рамките на манифестацијата што ќе се организираат во Македонија, да бидат вклучени во програмата за одбележување на 30 – годишнината од прогласувањето на независноста на земјава. Од Владата соопштија дека гостите со задоволство ја прифатиле идејата како укажана чест.

-Да покажеме заедно со Словачка и Чешка дека делото на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј е од заедничка вредност за паметење и чествување на сите словенски народи и од огромно значење за европската духовна и културна историја, истакнал премиерот Заев на средбата.

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски во изјава за весникот ВЕЧЕР вели дека по блокирањето на заклучоците поради „погрешното толкување на историјата“ на кој инсистираше Бугарија, овој потег на Чешка и Словачка е уште една директна порака на Софија дека не може нецивилизациски да се однесува и добро е што Македонија го поддржа тоа.

По втор пат ќе не спасуваат овие две земји, кои пред извесно време ја стопираа безобразната и неприфатлива преговарачка рамка за Македонија. Кога веќе самите не сме спремни да се браниме, добро е што има сеуште држави кои ги следат меѓународните принципи и се спремни да и помогнат на нашата држава. Најавата дека заедно со нив ќе ги славиме Кирил и Методиј е одлична, заслужува огромна почит, бидејќи откако Софија ги прогласи нив за бугарски личности, бесмислено е зеднички да ги чествуваме. Некој убаво напиша дека Бугарија присвоија се и дека остана само уште Дедо мраз, вели амбасадорот Никовски. 

-После долго време, очигледно паметен потег на македонската власт. Тоа е, веројатно, резултат на последните вести од Чешка и Словачка, дека таму се организираат невладини и други организации да ни помогнат на патот кон Брисел. По втор пат ќе не спасуваат овие две земји, кои пред извесно време ја стопираа безобразната и неприфатлива преговарачка рамка за Македонија. Кога веќе самите не сме спремни да се браниме, добро е што има сеуште држави кои ги следат меѓународните принципи и се спремни да и помогнат на нашата држава. Најавата дека заедно со нив ќе ги славиме Кирил и Методиј е одлична, заслужува огромна почит, бидејќи откако Софија ги прогласи нив за бугарски личности, бесмислено е зеднички да ги чествуваме. Некој убаво напиша дека Бугарија присвоија се и дека остана само уште Дедо мраз. Македонија мора да излезе од ќорсокакот во кои самата се доведе во односите со Бугарија, а прв чекор во таа насока треба да биде повлекување од заедничката комисија за историсики и други прашања и доколку Бугарија не се опамети и не ја прекине блокадата на нашите преговори со ЕУ, треба веднаш да се откаже и Договорот за пријателство, вели амбасадорот Никовски во изјава за весникот ВЕЧЕР.

На 9 декември минатата година, еден ден по бугарското вето за Македонија, Бугарија со гласање во Парламентот си ги присвои Кирил и Методиј како бугарски. Дополнително, со преименувањето на празникот 24 Мај, Бугарија ги присвои и азбуките глаголица и кирилица како бугарски азбуки.

Византологот и кирилометодиевист, професорот Илија Велев, во изјава за весникот ВЕЧЕР, коментирајќи ја, како што ја нарече, најновата „условена“ провокација од македонскиот источен сосед Бугарија, тогаш порача дека сесловенските просветители Кирил и Методиј не дејствувале во средновековното бугарско кнежество и нивната дејност не може да се поврзува со тогашното бугарско општество. Тој истакна дека е нерационално што преку демонстрацијата на политичка моќ на највисоката законодавна власт во државата, а не преку престижна научна или културна институција, се прави обид да се реактуелизира национал-романтичарската хегемонија од крајот на 19 век на бугарската кирилометодиевска митоманија.

На инсистирање на Бугарија, фразата „погрешно толкување на историјата“ беше вметната во завршниот текст на заклучоците на ЕУ за проширувањето, кои што се однесуваат и на Македонија, но со ваквиот текст тогаш не се согласија Чешка и Словачка. Двете земји тогаш предупредија дека оваа формулација поврзана за историјата не е предмет за Европската унија и дека не и припаѓа на ЕУ да суди кој како се идентификува и каков јазик говори.

 – Овие прашања припаѓаат на засегнатите страни и тука сме да им помогнеме со нашето искуство во овој процес на лечење, напишаа Чешка и Словачка во зедничко соопштение.

Делото на Кирил и Методиј особено се цени во овие две земји, а Словачка ги споменува и во Преамбулата на својот устав како оставштина од претците, поради што Прага и Братислава не и оставија отворен пат на Софија да ги присвои сесловенските просветители како бугарски.

„…Имајќи го на ум политичкото и културното наследство на нашите предци и искуството собрано низ вековите на борба за нашите национална егзистенција и државотворност, со обѕир спрема духовната оставштина на Кирил и Методиј и историското наследство на Велика Моравија, признавајќи го природното право на народите за самоопределување…“, стои во Преамбулата на словачкиот Устав. (В.С.Н.)