Четири жртви и 13 повредени во експлозија на пат во Турција

38

Најмалку четири лица загинаа, а 13 се тешко повредени кога во југоисточна Турција експлодирала импровизирана експлозивна направа на пат кога покрај неа поминало возило со локални жители.

Канцеларијата на гувернерот на покраината Дијарбакир соопшти дека „се верува оти експлозивот го поставиле припадници на Курдската работничка партија”.
Експлозијата се случила во областа Кулп во Дијарбакир.