Четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска починала од прострелна рана, а не од задушување

671

Четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска починала од прострелна рана, а не од задушување, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва на вонредната прес конференција на која соопшти дека е фатен првоосомничениот Љупчо Палевски – Палчо.

„Точниот наод на обдукцијата ќе покаже, меѓутоа прострелна рана е во прашање, рече Спасовски.

Во однос на тоа дали е најден пиштолот со кој е пукано, министерот Спасовски рече дека се најдени два пиштола во Скопје кои треба да се вештачат за да се утврди дали е тоа оружјето со кое е убиено девојчето.