Червар е најзаслужен за мојот успех, ми даде шанса и ја искористив

14

Точно е дека Червар е заслужен за мојот голем чекор во професионалниот ракомет. Ме донесе од Карловац во Металург и од почеток имаше коректен однос со мене. Ми даде шанса, а јас ја искористив, изјави бекот на македонскиот шампион Вардар

Средниот бек на македонскиот и европскиот ракометен шампион Вардар, Лука Циндриќ, моментно е дел од репрезентацијата на Хрватска, која во неделата на ЕХФ под палката на селекторот Лино Червар ќе одигра две контролни средби со Словенија, како почеток на подготовките за Европското првенство, кое во јануари наредната година ќе се одржи во нивната земај.

Работата со Червар воопшто не му е непозната на бекот кој со својот гол во последната секунда во полуфиналето против Барселона на завршниот турнир во ЛШ во Келн го однесе Вардар во финалето, а потоа и ја освои титулата, откао во финалето беше совладан ПСЖ.

-Точно е дека Червар е заслужен за мојот голем чекор во професионалниот ракомет. Ме донесе од Карловац во Металург и од почеток имаше коректен однос со мене. Ми даде шанса, а јас ја искористив, изјави Циндриќ и додаде:

-Лино го познавам многу години, но тој постојано се менува, а при секој собир тој има нови идеии визии. Тој е врвен тренери секогаш не тера да го дадеме максимумот. Постојано учи, смислува нови акции во играта. Многу е креативен и затоа на нас ни простанува само да ги реализираме неговите идеи на теренот. Со него на клупата верувам дека ќе направиме голем успех на Европското првенство.

Само неколку месеци пред освојувањето на европската титула со Вардар, Циндриќ ги доживеа најтешките моменти во својата репрезентативна кариера, откако за влано не успеа со Хрватска да се пласира во финалето на СП во Франција.

Во кус временски период ги доживеав најлошите и најдобрите моменти во мојата кариера. Но, тоа е спортот, и на сите ни е јасно дека тоа може да се случи. Никогаш не треба да се плашиме ако бидеме подготвени. Верувам дека на претсатојното ЕП доколку стигнеме до завршницата и ќе го осовиме златниот медал, вели Циндриќ.

На Хрватска, која е освојувач на голем број на медали на меѓународните натпревари и недостасува само европското злато. Токму затоа Лино Червар има голема одговорност во пресртет на шампионатот во Хрватска, на кој домаќините ќе бидат задоволиле само со освојувањето на златниот медал.