Челзи во Нагелсман гледа замена за Лампард

41

Раководството на Челзи во тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман гледа можна замена за Френк Лампард, пренесува „Билд“.

Според изворот, раководството на лондонскиот клуб е незадоволен од последните настапи на тимот и може да го отпушти Лампард.

Се известува дека на списокот кандидати за менаџерското местото покрај Нагелсман, се наоѓаат и: Томас Тухел, Масимилијано Алегри и Брендан Роџерс.

Челзи е деветти во поредокот во Премиер лигата по 17 одиграни кола со 26 бода.