Чарлс нема да дозволи неговиот внук Арчи да биде принц

212

Британските медиуми веќе извесно време шпекулираат дали синот на Меган Маркл и принцот Хари, малиот Арчи, ќе ја има титулата принц. 

Чарлс не сака внукот да биде во редот на наследници. Извор близок до кралското семејство тврди дека тоа воопшто не е можно, имајќи предвид дека принцот Чарлс не сака внукот да биде во редот на наследници.

– Ќе дадам се од себе Арчи никогаш да не ја добие титулата или да биде дел од кралското семејство – додава тој, како и дека ќе ги скрати сите трошоци за некои луѓе да не можат да го користат нивниот статус.

Меган и принцот Хари, наводно, веќе се запознаени со оваа одлука и тие не го прифатија добро потегот на Чарлс.

Иако нивните односи се разнишани со месеци, планот на идниот крал сега само дополнително ги наруши.

Имено, една од причините зошто Чарлс сака да го намали бројот на членови е финансиската криза со која се соочуваат, со оглед на тоа што јавниот интерес за кралското семејство се намалува секој ден.

Експертите веруваат дека Арчи сепак ќе може сам да одлучи дали ќе ја прифати титулата или не откако ќе наполни 18 години. Тие додаваат дека неговиот дедо сè уште не може да одлучува за такви потфати, а исто така веруваат дека првиот потег на идниот крал сигурно нема да биде отфрлање на неговите внуци.

Сепак, експертите не ја исклучуваат ниту оваа опција.

Извор:www.news.com.au