Турскиот актер Чан Јаман доби голема награда на Филмскиот фестивал во Венеција, но беше таму без присуство и поддршка од својата навидум поранешна девојка, италијанската спортска новинарка – Дилета Леота.

Врската на Дилета и Чан беше шпанска сапуница изминатиов период, но се чини дека веќе се е минато. Последен пат тие споделија селфи на 12 јули, по повод победата на италијанската репрезентација на Европското првенство, а оттогаш, не се видени заедно на ниту еден официјален настан или на социјалните мрежи.

Најсексапилната спортска новинарка во Италија ниту потврдува, ниту негира дека нејзината врска со турската ѕвезда завршила, но гласините растат. Некои медиуми објавија дека Турчинот ја напуштил Дилета поради поранешната мисица на Израел, Моран Атијас, која има 40 години и 10 години е постара од турскиот актер, или девет од Дилета.

Атијас стана позната пред многу години, откако наводно спиела со романската фудбасла легенда, Адријан Муту.

18