Вкупно 211 години за сите обвинети: Чавков осуден на 18 години затвор, Дурловски доби ослободителна пресуда

54

Во Кривичниот суд во Скопје денеска е објавена пресудата за 17-те преостанати, од првично 33 обвинети за настаните во Собранието на 27 април 2017 година.

Судијката Добрила Кацарска обвинетите ги прогласи за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и ги  изрече следните пресуди за обвинетите: Митко Чавков на 18 години затвор, Душко Лазаров 15 години затвор, Горан Ѓошевски-Леви 15 години затвор, Митко Пешов 15 години затвор,  Оливер Поповски на 13 години затвор, Мунир Пепиќ 15 години затвор, Абдуљфета Алими 7 години затвор, Оливер Радулов 10 години затвор, Јане Ченто 15 години затвор, Игор Југ 12 години затвор,  Александар Василевски-Нинџа 8 години затвор, Никола Митревски-Кољо 15 години затвор, Младен Додевски 12 години затвор, Горанче Ангеловски 12 години затвор, Влатко Трајковски 15 години затвор и Вилијам Михајловски 14 години затвор, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

Обвинетиот Игор Дурловски е ослободен од обвинението, неговото дело не е докажани од јавниот обвинител.