Чави чека амин за Де Јонг

149

Предводникот на каталонскиот гигант Барселона, Чави Хернандез, потврди дека сака и во новата сезона на располагање да ги има услугите на холандскиот интернационалец Френки де Јонг, но додаде дека неговата иднина зависи од финансиската ситуација во клубот која и понатаму е алармантна.

  • Многу пати сум кажал дека Френки е многу важен. Тој е клучен играч. Но, тука е и финансиската состојба на клубот, која мора да се реши. Не зборувам за Френки, туку воопшто, изјави Чави.

Најголем интерес за услугите на поранешниот фудбалер на Ајакс покажуваат лутите градски ривали од Манчестер, Јунајтед и Сити.