Претседателот на ракометната федерација на Романија, Александар Деду за романските медиуми потврди дека новиот тренер на Динамо Букурешт ќе биде  Чави Пасквал, моменталниот тренер на каталонскиот гигант Барселона.

Тој потпиша договор со Динамо Букурешт до 2024 година, а паралелно ќе го води и домашниот шампион и репрезентацијата.

-Одлично е што еден од најголемите тренери во светот доаѓа во Романија. Во нашето првенство повторно ќе има многу тренери со извонредни ЦВ. Се надевам дека ова ќе ги мотивира романските тренери. Многу е веројатно дека Чави Пасквал ќе ја води и репрезентацијата. Во овој момент репрезентацијата има тренер со важечки договор, изјави Деду за „Спорт нет“.