Пред неколку месеци Чави Хернандез најави заминување во Барселона, во меѓувреме се предомисли и веќе е потврдено дека ќе остане барем уште една сезона.
Се чинеше дека Чави ја губи контролата над Барса и дека не може да помогне, поради што во еден момент реши да се откаже од се.
По поразот на домашен терен од Виљареал на крајот на јануари со 5:3, некогаш одличниот играч за врска застана пред новинарите и изненадувачки најави дека си заминува на крајот од сезоната со порака дека на Барселона и е потребна промена на курсот.
Сепак, речиси три месеци подоцна Чави заедно со Жоан Лапорта и потврди на шпанската и светската јавност дека ќе остане на местото тренер.
„Овој проект не е завршен, има континуитет и ми покажаа голема наклонетост. Мислам дека ова е најдобрата одлука. Отсега ќе работиме со ентузијазам. Ви благодарам многу на сите“, изјави Чави.
Сепак, неколку часа откако го потврди останувањето на клупата, трофејниот стручњак мораше да испие горчливо апче и да бара резервни опции за засилувањата.
Целта на Чави е освежување на средниот ред, а како главни желби ги посочи Мартин Зубименди од Сосиедад и Џошуа Кимих од Баерн, за кои на Барселона ќе и требаат повеќе од 100 мил. евра.
Токму поради финансиски причини, шпанскиот стручњак добил студен туш, бил информиран дека и двете желби нема да му се исполнат.
Зубименди последните две сезони експлодираше во Реал Сосиедад, станувајќи стандарден репрезентативец на Шпанија, додека Кимих е веќе докажано име, но поради несогласувањата со управата на Баерн (М) сериозно размислува за заминување.
Од сегашна перспектива, двајцата фудбалери сигурно би претставувале засилување за Барса, но како што сега стојат работите, двајцата ќе останат „пуста желба“ на Чави.