ЦУК: Без струја утре повеќе места во Скопје, а без вода повеќе улици во Карпош

63

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе останат повеќе места во Скопје, додека, поради технички зафати во водоводната мрежа без вода ќе останат повеќе улици во Општина Карпош.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, утре без струја од 8 до 15 часот ќе бидат корисниците од селото Добри Дол во Сопиште, додека, од 8:30 до 11 часот корисниците од населбите Белви, мотел Белви и сите стопански објекти во овој реон во Илинден.

Од 9 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од објектите во околината на Бензинска пумпа – Дет Оил на улица „Перо Наков“ без број во Гази Баба и од 9 до 14 часот, корисниците од село Кучково во Ѓорче Петров.

Во петок, од 9 до 14 часот струја ќе немаат корисниците од село Горно Соње во Сопиште, додека од 9 до 15 часот корисниците од улица „Румена Хаџипанзова“ во населба Драчево – Кисела Вода.

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, исто така, информира дека поради технички зафати во водоводната мрежа (изведување на приклучок) на улица „Панче Пешев“ број 7б, од 9 часот до завршување на интервенцијата, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Панче Пешев“, „Римска“, „Бахар Моис“, дел од „Атинска“, дел од „Анкарска“, „Наум Евро“ и „Њуделхиска“ во Карпош.