„Црн туризам“ од Помпеја до Чернобил: Зошто луѓето се толку фасцинирани со смрт и трагедии?!

95

Од Аушвиц до Чернобил, сè до местото на кое е убиен Кенеди и трагедијата на 9/11 во Њујорк. Ова се само некои од местата кои годишно ги посетуваат илјадници туристи.

Секоја година милиони луѓе од светот сакаат да ги посетат некои од „најтажните“ места на светот, како градови во кои се направени злосторства, во кој се случиле несреќи, природни катастрофи и други трагедии.

Овој феномен најде и свој синоним наречен „црн туризам“ и експертите велат дека има долга традиција. Изразот „црн туризам“ се однесува на посетување на места каде се случиле некои од најужасните настани во човечката историја, како геноциди, убиства, етничкото чистење, војни, болести…

„Ова е нов феномен. Постои доказ дека црниот туризам датира уште од битката кај Ватерло, кога луѓето од своите кочии ја гледале битката“, рекол Џ. Џон Ленон, професор по туризам на Универзитетот Глазгов, кој заедно со своите колеги во 1996 година, го создал изразот „црн туризам“.

Ленон напоменува еден постар пример: луѓе кои се туркале во публиката за да гледаат јавно бесење во Лондон во 16 век. Тоа е нешто што е релативно модерно во однос на крвавите спектакли кои се одигрувале во Колосеумот во Рим.

Точна статистика за тоа колку луѓе учествуваат во „црниот туризам“ не постои, но бројката е во пораст. Dark-Tourism.com, инаку онлајн водич, на листата наведува речиси 900 места во 112 држави.

Популарната култура само му придодава на овој феномен и тоа откако HBO ја објави мини серијата „Чернобил“ за нуклеарната катастрофа во 1986 година, туристичките агенции почнале сè повеќе да водат туристи на ова место, а посетата пораснала од 30 до 40 посто.

Украинската Влада оттогаш навела дека има намера чернобилската зона и официјално да ја прогласи за туристичка атракција и покрај се уште големото ниво на радијација.

Желбата за посета на вакви дестинации расте, забележале и од Институтот за истражување на црниот туризам на Универзитетот Ланкашир во Англија.

А зошто луѓето се толку маѓепсани со таквите места? Експертите кои го проучувале овој феномен наведуваат дека тоа е во човековата природа.

„Ја добивме таа културолошка фасцинираност од мрачната страна на историјата, а поголем дел од историјата е мрачен. Мислам дека кога одиме на тие места, не гледаме странци, туку се гледаме себе си, и тоа што би направиле во такви околности“, наведува Филип Стон од Универзитетот.

Оние кои се запознаени со феноменот, не го осудуваат. Всушност, тие тврдат дека оние места со најмногу значење им помагаат на посетителите да ја разберат сегашноста и да бидат внимателни кон иднинатата.

Со оглед на тоа што се повеќе од тие места стануваат популарни, експертите стравуваат дека би можеле да станат поексплоатирани и да се користат како позадини за неугледни фотографии. Правењето „селфи“ во концентрационите логори и слични фотографии се избегнуваат по социјалните мрежи.