Според последниот пресек за состојбата со корона вирусот, во Македонија се регистрирани нови 870 случаи на Ковид-19 од направени 5.844 тестирања. Починати се 37 пациенти, а најмладиот меѓу нив има 22 години.
Најголем број од новозаболените се од Скопје – 368. Во Тетово се регистрирани нови
78, а во Гостивар и Куманово по 53. Во Кичево има нови 40 случаи, во Струмица – 39, Прилеп – 29, Охрид – 28, Кавадарци– 22, Струга – 20, Битола и Дебар – по 15, Ресен – 13, Свети Николе – 12, Велес и Радовиш – по 11, Делчево – 8, Неготино – 7, Кочани, Гевгелија, Валандово и Кратово – по 5, Крива Паланака, Берово и Виница – по 4, Штип, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3. Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 2, Демир Хисар – 1.
Од починатите, најголем број поточно 10 се од Скопје (78г, 73г, 71г, 69г, 69г, 67г, 61г, 56г, 48г, 42г), осум се од Тетово (85г, 83г, 80г, 78г, 74г, 63г, 62г, 53г ), по четири починати лица има во Куманово (85г, 69г, 57г, 22г ) и во Струга (69г, 64г, 63г, 61г), тројца починати лица се Гостивар (81г, 66г, 58г ), двајца од Кочани (78г, 63г ) и по едно починато лице има од Прилеп ( 62г ), Велес ( 35г ), Кавадарци ( 61г ), Струмица ( 79г ), Кичево ( 57г ) и Дебар ( 75г ).
Сите се починати во болнички услови.
Оздравени се 661 пациент.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава досега изнесува 176.494. Оздравени се 156.307 пациенти, а како последица од вирусот починале 5.938. Бројот на активни случаи е 14.249.
Според бројот на активни заболени по градови, најмногу има во Скопје активни 5523, Куманово 898, Тетово активни 1976, Гостивар 1199, Кичево активни 601…
Со едноцифрен број на заболени во земјава се само дојран со еден активен, Демир Капија со три активни и Пехчево со пет активни случаи на заболени со коронавирус.