„Црвен“ дрес за Дијаз

61

Англискиот премиерлигаш Ливерпул важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на стандардниот првотимец во дресот на португалскиот гигант Порто, Луис Дијаз. Благодарение на одличните игри во актуелната сезона крилниот напаѓач го привлече вниманието на менаџерот на „црвените“, Јурген Клоп, кој е убеден дека Дијаз може да биде достојна замена на Мохамед Салах и Садио Мане, за време на нивниот настап на престојниот Куп на Африка.