„Црвените“ фаворити за Гимараеш

82

Британските медиуми немаат дилема дека раководните лица на Ливерпул ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на Њукасл, Бруно Гимараеш. Одличниот играч за врска е проценет на околу 80 мил. фунти, а најавениот трансфер може да стане реалност доколку Њукасл не обезбеди пласман во Лигата на шампиони.