Црвениот крст на град Скопје, дистрибуираше 1.200 литри вода на граѓаните затекнати на улица

239

Во изминатите три дена, мобилните тимови на Црвен крст на град Скопје со поддршка на Градот, дистрибуираа 1.200 литри вода за граѓаните затекнати на улиците, постојките, во парковите и други локации.

Како што информираат од Црвениот крст на град Скопје, 36 волонтери беа на терен од 10.00 до 16.00 часот.

Со оние активности се вклучуваме во делот заштита на здравјето на граѓаните од нашиот град почитувајќи ги препоракиоте за заштита од ковид19 во овој период-потенцираат од Црвениот крст на град Скопје.