Францускиот тениски новинар Беноа Мајлин изјави дека „сите мислат дека таткото на Стефанос Циципас е луд“. Апостолос Циципас ѝ е познат на пошироката тениска публика поради своите постојани појавувања во јавноста, како и поради најголемиот број опомени на еден тренер на турнирите.

Мајлин рече дека неговиот извор, кој не го откри, му рекол дека таткото на Циципас има сериозен проблем.

– Нема да кажам кој е, затоа што тој сè уште е на турнеја, но знам дека секогаш кога ќе се видиме, ми вели:„Татко му е луд“. Ја тренира и својата ќерка, која има 14-15 години и кога се на терен, толку лошо се однесува со неа што таа плаче – изјави Мајлин и продолжи:

– Тогаш мислиш: „Чекај, човеку, дали сфаќаш како се однесуваш со својата ќерка?! Исто е и со Стефанос. Тој постојано му кажува работи и му фрла предмети. Мислам дека затоа Стефанос изгледа малку аутистично – поради татко си, кој е целосно луд и постојано го нервира. Не знам што точно му зборува, бидејќи зборува на грчки. Стефанос дефинитивно веќе не го ни слуша.

И покрај својот „луд“ татко, Стефанос Циципас на 24 години успеа да стигне до третото место на АТП ранг-листата, финалето на Ролан Гарос и да освои две титули, едната на завршниот мастерс во Лондон.