Циципас знае кој ќе биде новиот светски рекет број еден

436

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, повеќе од сигурно ќе ја заврши годината на првото место на АТП листата. Него може да го загрози само Русинот Данил Медведев, но би требало повеќе работи да му се поклопат.

Гркот Стеганос Циципас е еден до оние за кој се мисли дека наскоро може да го симне Новак од престолот. Но, Гркот смета дека младиот шпанец Карлос Алакрас е новиот светски рекет број еден.

-Алкараз дефинитивно заслужува да биде шампион и на многу големи турнири во иднина. Може да биде најдобар во светот, почна Циципас.

Тенисерот од Атина напомена дека Алакразима само 18 . години и дека пред него е богата кариера.

-Многу ми е мило кога ќе го видам на теренот, го пофали Циципас играчот од кој загуби на последниот грен слем турнир годинава САД Опен.

Новак Ѓоковиќ , пак во финалето на САД Опен загуби од Русинот Данил Медведев. Тој од тогаш не настапи на ниеден турнир, а последен оваа сезона ќе му биде завршниот мастерс турнир на осуммината најдобри тенисери во светот што ќе се игра во Торино.