Цеца и Јоксимовиќ како среќници со летниот хит „Повеќе од среќа“….Цеца ќе ја промовира песната во Куманово

1541

Со мала помош од придружните вокали, Цеца ќе ја промовира оваа песна и на 15 јуни, во Куманово, на својот концерт, истакнувајќи дека работата со Жељко, за неа, била големо задоволство

Балканската музичка ѕвезда, Жељко Јоксимовиќ, продолжува со своите „среќни“ песни. Откако ја испеа онаа евровизиската „Повеќе среќа некој другпат“, Јоксимовиќ, од пред некој ден, порачува уште пократко во насловот „Повеќе од среќа“.                  Но, изненадувањето е уште поголемо, бидејќи најновата своја среќа ја пее со балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ.                                                                        Споени во дует, двајцата го најавуваат овој голем летен хит, кој Цеца, со мала помош од придружните вокали, ќе го испее на својот концерт во Куманово, на 15 јуни.

Тие ги здружија своите пејачки сили со надеж дека им подаруваат на обожавателите песна со која полесно ќе ги пребродат летните горештини. Песната не се случи наеднаш, туку постепено, работилницата на Жељко. Има и такви критичари што напишаа за оваа песна дека е песна што ќе се слуша со генерации. Ќе видиме.

– Работата на оваа песна беше исклучително инспиративна. Цеца е неверојатен професионалец. Нашата соработка се одвиваше во прекрасна атмосфера – изјави Жељко Јоксимовиќ.

– Жељко е мултиталентиран музичар. Перфекционист, одличен пејач, комплетен уметник. Работата со него беше големо задоволство – објасни расположената Цеца.  Д.М.