Цеца и Јеца повторно на суд – „виновна“ е белата шапка на вдовицата на Аркан

1206

Со години не се поднесуваат! На прв поглед изгледа многу смешно. Но, на втор поглед дури и тажно. Двете балкански мегамузички ѕвезди Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ се по којзнае кој пат на суд. Овој пат поради големата бела шапка која Цеца честопати ја носи на својата глава. Дали е добро тоа што ја носи или не, знае секако Карлеуша.

„Мала од скандала“, секогаш кога вдовицата на Аркан ќе ја види на сликите со белата шапка, веднаш коментира дека со истата шапка Цеца е сликана и во времето на дивеење на членовите на криминалниот „Земунски клан“, а поради кои Цеца тогаш заврши во затвор. – Истата шапка, истите луѓе, истата таа без грам мозок, коментираше своевремено Јеца. Но, Цеца тоа ја разбесни поради што поднесе тужба.

– На дотичната не ѝ е прв пат да плука по моето име и презиме. Ќе мора еднаш засекогаш да замолчи. И да докажува кога тоа јас сум сликана со тие жестоки момци од Земунскиот клан, велеше лутата Цеца.

Но, нивната меѓусебна отровна нетрпеливост продолжи да трае и сѐ до денешниот ден. На суд, деновиве дојде Цеца со својот адвокат и не ја симнала насмевката од лицето.

Сè, сепак, брзо заврши, бидејќи Карлеуша не се појавила на рочиштето. По излегувањето од судот, Светлана Цеца Ражнатовиќ немала коментар за новинарите.   Д.М.