Цените на недвижностите во Израел зголемени за 345,7 проценти во претходната деценија

    20

    Цените на недвижностите во Израел се зголемени за 345,7 проценти во претходната деценија, што е најголем пораст во светот.

    Во истиот период, платите во Израел се зголемија за 17,5 проценти, а инфлацијата порасна за 0,92 проценти годишно, објави „Џерусалим пост“, кој ги пренесе проценките на британскиот портал „Мани“ за земјите со најголем раст на цените на недвижности.

    Комбинирајќи ги податоците за цената по квадратен метар во центрите и населените места, просечната цена за квадратен метар во 2010 година во Израел чинеше 2.300 евра, а во 2020 година 7.900 евра.

    Швајцарија е втора по пораст на цените на недвижностите, со 165,5 проценти во претходната деценија, потоа Германија (162 проценти), САД (153 проценти) и Унгарија (137,8 проценти), потоа Велика Британија, со раст од 74,9 проценти.

    Според веб-страницата на OECD.stat, просечната годишна плата во Израел се зголеми од 36.000 евра во 2010 година на 42.500 евра во 2020 година.