Цената на гасот во Европа надмина 1.100 долари

20
Цените на природниот гас во Еропа на отворањето на берзанското тргување во вторникот порасна над 1.140 долари за илјада кубни метри, покажуваат податоците од берзата ICE Futures.

 

Цената на јануарските договорни испораки на гасот според индексот на холандскиот TTF, кој е најликвидниот европски хаб, на отворањето на тргувањето во вторникот на платформата ICE Futures порасна на 1.146 долари за илјада кубни метри, односо 97,9 евра по мегаватчас.

Со тоа растот на цената на гасот во Европа во однос на цената на затворањето на тргувањето во понеделникот е поголем од 5 отсто.

Аналитичарите поради поголемата зимска побарувачка не очекуваат позначителен пад на цените на гасот во Европа во текот на следните неколку месеци, но истакнуваат и дека цената од над 1.000 долари за 1.000 кубни метри не е одржлива на подолг рок.