Целосно реконструирана улица „4“ во Долно Лисиче

115

Деновиве заврши реконструкцијата на улица „4“ во Долно Лисиче, која опфати рехабилитација на оштетениот асфалт и поставување нов тампон и нов слој асфалт, информираат од Општината Аеродром .

Улицата е во должина од 270 метри и површина од 820 квадратни метри.

Од Општината велат дека со забрзана динамика ја уредуваат патната инфраструктура и го олеснуваат секојдневното функционирање на жителите.