„Цезар“ за Полански за режија, протести пред салата во Париз

19

Роман Полански е добитник на годинашниот француски „Цезар”, пандан на холивускиот „Оскар”, за режија на филмот „Офицер и шпион”, што наведе неколку актери да ја напуштат церемонијата на доделување на наградите во Париз, јавија агенциите.

Во Градот на светлината, синоќа, пред салата во која се оддржуваше церемонијата, се собраа демонстранти во знак на протест заради номинирањето на филмот на Полански, кој се соочуваа со обвинение за силување, а полицијата мораше да интервенира со солзавец за да ги растера.

Филмот на Полански „Офицер и шпион”, за познатата афера Драјфус, која го стресе француското општество на крајот на 19 и почетокот на 20 век, беше номиниран во 12 категории за наградата „Цезар”.

Британските медиуми јавуваат дека, пред салата, во која се одржуваше свеченоста учесниците на протестот носеа транспаренти со натписи „Индустрија која ги штити силувачите треба да се засрами”.

Пред две недели целиот одбор на академијата „Цезар”, францускиот еквивалент на американскиот Оскар, поднесе оставка заради бранот критики бидејќи фирмот на Полански се најде во дури 12 номинации.

Одлуката неговиот филм да се најде во конкуренција предизвика негодување од феминистичките групи и доведе до повик за бојкот.

Полско-францускиот режисер е баран од САД заради силување на 13-годишно девојче, што беше сторено уште во 1977 година.

Полански ги напушти САД уште за време на судењето.