Царот на македонската патриотска песна емотивно се прости од својата сестра: „Кој сега да ми каже братче на дада?“

639

Бисерно грло на македонската патриотска песна и најмногу популарен во македонската дијаспора Орце Стевковки-Царот, скршен од болката ја сподели со сите свои обожаватели и пријатели тажната вест.
-Мила сестро почивај во мир. Кој сега да ми каже братче на дада? Денес вртам телефон да ти честитам роденден, мила сестро, а ти замина…Токму на твојот роденден. Дадо мила, почивај во мир, емотивно со солзи во очите, порача пејачот.

Инаку, за оние понеупатените, Орце е долги години, дури 37 во среќен брак со познатата македонска водителка Драгица Стевковска-Драгче, а која по заминувањето од работата во ТВ Алфа се префрли во маркетинг-сектор кој успешно го работи.          Имаат две ќерки, Ангелина и Александра, а радоста им е збогатена и со петте внучиња: Јана, Андреј, Марко, Ема и Алек. Живеат хармонично во едно скопско село покрај Петровец.

Стевковски зад себе за сите идни генерации има испеано голема ризница од патриотски македонски хитови, кои ги знаат и помладите меѓу кои се: „Убава Калина“, „Царот Неготински“, „Пукнала мајко треснала“, „Глас се слуша, плач и лелек“, „Се заљубив на стари години“, како и многу омилената песна „Од кај дојдовте“. (Д.М.)