Хамас им давала средства за смирување на заложниците за да изгледаат среќни при ослободувањето

83
epaselect epa11002503 Russian-Israeli Irena Tati, who was taken hostage by the Palestinian militan group Hamas in the 07 October attacks, sits inside a van after disembarking from an Israeli army helicopter carrying released hostages at Sheba Medical Center at Tel HaShomer in Ramat Gan, Tel Aviv district, Israel, 29 November 2023. IDF Spokesperson Rear Admiral Daniel Hagari announced on 29 November that two hostages released by Hamas, identified as Irena and Yelena, have returned to Israel. The two women were to be transferred to hospital for medical checks and meeting with their families. Hamas was still holding 159 hostages that were abducted on 07 October, Hagari added. Israel and Hamas had agreed to a temporary ceasefire which came into effect on 24 November and included a deal for the release of hostages held by Hamas in the Gaza Strip in exchange for Palestinians detained in Israeli prisons. Thousands of Israelis and Palestinians have died since the militant group Hamas launched an unprecedented attack on Israel from the Gaza Strip on 07 October, and the Israeli strikes on the Palestinian enclave which followed it. EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Претставници на израелското Министерство за здравство денеска пред парламентарната здравствена комисија изјавија дека Хамас на ослободените од заробеништво им дал средства за смирување пред да ги предаде на Црвениот крст на пат за Израел.

Како што е наведено, целта на „Хамас“ била заложниците да изгледаат смирени, среќни и оптимисти откако биле изложени на физичко малтретирање и психички терор во текот на повеќе од 50 дена во Појасот Газа.

Директорот на одделот за исхрана во Министерството, д-р Хагар Мизрахи, изјави дека на заложниците им бил даден Клоназепам (Ривотрил), кој меѓу другото, јавуваат израелските медиуми, се користи и за анксиозни нарушувања.

Претставниците на Министерството не открија дали тоа е потврдено со тестовите на крвта на ослободените заложници во израелските болници или врз основа на нивните сведоштва.

Тоа го кажаа и семејствата на заложниците кои први пристапија до одборот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и уште двајца членови на Воениот кабинет денеска ќе се сретнат со семејствата на заложниците кои се уште се во заложништво.

Во нападите на југот на Израел на 7 октомври, палестинските екстремисти предводени од Хамас убија над 1.200 луѓе и одведоа околу 240 заложници во Појасот Газа.

За време на неодамна склученото седумдневно примирје во војната, беа ослободени 105 заложници, меѓу кои 81 Израелец, 23 Тајланѓанец и еден Филипинец.

Израелските власти соопштија дека во Газа се уште се држат 137 заложници.